СДСМ: Итно да престане дивеењето предизвикано од Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ најжестоко и најостро го осудува насилството врз новинарска екипа на потралот А1он.мк, при што, според информациите што ги имаме, тешко се повредени новинар и снимател за време на професионални должности на вечерашниот протест во Скопје.

Бараме од Никола Груевски и од криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат, за спас на сопствената кожа, да провоцираат и поттикнуваат нецивилизирано дивеење кое што вечерва кулминира со тешки телесни повреди на медиумски работници.

Повиците за линчови, говорот на омраза, нарачаните инциденти во кои има каменувања и кршење објекти, обидите за вознемирувања на семејства во домови мора веднаш да запрат.

Овој начин што го избра режимот во заминување, да страдаат невини луѓе, за криминалците да не понесат одговорност за злоделата што 10 години ги прават врз граѓаните во Македонија, е уште една потврда за исправната одука на мнозинството граѓани за промени и потребата од итен и неодложен мирен трансфер на власта.

Демократските промени во Македонија, за коишто се изјаснија над 612.000 граѓани се незапирлив процес.

Ќе има одговорност за сите последи врз граѓаните од несовесните и неодговорни политики и нивните нарачатели и извршители.

Ги повикуваме граѓаните да не влегуваат во сценаријата на криминалците и да останат мирни, на браникот на демократските процеси

Македонија ќе добие стабилна Влада којашто ќе биде гарант за стабилноста и безбедноста во државата“ стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски