СДСМ: Истрагата мора да ги лоцира сите, вклучително и тајкуните од режимот

Од:

Истрагата мора да ги лоцира сите вмешани во случајот од прв до последен, вклучително и тајкуните од режимот, велат од СДСМ преку соопштение.

„Тајкуните што ги создаде режимот, помогнати од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата, да не се донесе закон за ЈО, да се претстават како жртви и да се спасат. Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како и лицата кои ги објавуваат материјалите. Тоа се шемите на Никола Груевски. Секој што се надевал дека со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите за да не бидат предмет во судска постапака и ќе се спаси од вина се излажал“, велат од СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз додава дека снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

„Истргата мора да ги лоцира сите вмешани во случајот од прв до последен. Институциите брзо да делуваат за целосно расчистување до крај, за сите кои се инволвирани во овој случај да понесат одговорност. Но, тоа значи одговорност и за тајкуните на режимот за кои се отворени предмети во СЈО и кои се појавуваат на овие снимки“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат