СДСМ испрати телеграма со сочувство по повод смртта на новинарот Владо Ѓорчев

Од:

Лидерот на на СДСМ, Зоран Заев, во негово лично име и во име на СДСМ испрати телеграми со сочувство за загубата на новинарот Владо Ѓорчев, до неговото семејство и неговите колеги во редакцијата на агенцијата Мета.

„Изразувам искрено и длабоко сочувство за ненадејната смрт на новинарот Владо Ѓорчев, што го потресе неговото семејство, колегите новинари, но и сите нас.

Загубата на Влатко Ѓорчев е на неговото семејство, но и на новинарската заедница и на општествената јавност во Р.Македонија.

Нема соодветни зборови во овие моменти на ненадоместливата тага и болка за таткото, син, сопруг, новинар, Владо Ѓорчев.

Утехата ќе ја бараме во она што новинарот Ѓорчев остави зад себе, професионално и аргументирано новинарство, со кое што придонесуваше за развој на толку потребната критичка мисла. Како и сите вредни и посветени луѓе кон доброто на општетството и тој ќе остане да живее вечно преку вредниот придонес кон оваа света цел.

Нека почива во мир.“ пишува во телеграмата со сочуство.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он