СДСМ: Исплашена од извесниот пораз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ тера една иста лага со денови

Од:

„Со денови ВМРО-ДПМНЕ преку фабрикувани и нецелосни документи конструира непостоечки случаи за градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ од поразот што ги очекува во Град Скопје и општина Карпош па затоа со денови тераат една иста лага и поднесува неосновани кривични пријави за да ја замајуваат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди пред граѓаните, нема проекти и програми, па затоа мора да пласира лажни вести и дезинформации.

Со таквата понуда не им бега нов убедлив пораз на локалните избори, како во Град Скопје, така и во најголемиот број на општини низ државата“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија