СДСМ: Интересите на граѓаните и на државата се на прво место, Владата бескомпромисно ќе се бори против корупцијата

Од:

„Идните чекори за борба против корупцијата се поставени во четиригодишната програма на Владата на Република Северна Македонија, предводена од СДСМ.

Заедничка цел на Владата и на сите институции е бескомпромисна борба против корупцијата во полза на развој на стопанството, општеството, поквалитетен живот на граѓаните и забрзан чекор напред со вредности кои ќе ни донесат европски стандард на живеење дома.

Владата, институциите се посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина, принципиелност во работењето, рамноправност и еднакви шанси за сите“, велат СДСМ.

„Превентивата е половина борба против корупцијата, и тука ќе покажеме напредок, со зголемена транспарентност на сите нивоа, со намалување на дискреционите права на функционерите, почитување на правилата, реакција на сите злоупотреби на моќ во сите ешалони и блиска соработка со инспекторатите.

Нема компромис за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – ако некој го прекрши законот го очекува оставка или разрешување, но и соочување со законите.

Владата предводена од СДСМ во изминатите 3 години успешно ги реши крупните децениски надворешни проблеми на државата, што беше крунисано со членството во НАТО и почнување на преговори за членство во Европската унија.

Сега претстои стабилен политички период, одлучна и бескомпромисна борба против сивата економијата, криминалот и корупцијата, ефикасен, транспарентен и одговорен правен систем, со прочистување на судството, проверка на потекло на пари и капитал кај секој функционер и градење правна држава.

Интересите на граѓаните и на државата се на прво место, заедно можеме да ги оствариме високите цели кои ги имаме поставено“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците