СДСМ: Институциите 44 дена молчат за милионските приходи на медиумските курири

Од:

„Институциите продолжуваат да молчат за милионските приходи на медиумските курири на Никола Груевски.

Тие се должни да одговорат за начинот на финансирање на медиумите на Никола Груевски коишто имаат милиони на нивното салдо.

44 дена помина откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Тоа се 3 милиони евра приход кои Курир, Република и Радио Слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години.

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумската пропаганда во Македонија фамилијата сака ја користи за спас на сопствената кожа. Затоа институциите и медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ