СДСМ: Имаме план за реформи во правосудниот систем, за правда и одговорност за сите

Од:

„Новата Влада, што ќе ја предводи СДСМ, има план за реформи во правосудниот систем, за правда и одговорност за сите. Тоа е еден од најважните приоритети на кој интензивно ќе се работи уште од првите денови.

Поддршката од граѓаните за СДСМ значи продолжување по патот на напредокот, интеграциите, демократијата, правдата, владеењето на правото“, велат од СДСМ.

„Истовремено преку конкретни мерки обезбедуваме силна и стабилна економија, за подобар животен стандард и повисоки плати.

Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој.

Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија.

Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Новата Влада предводена од СДСМ во следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните