СДСМ: И во време на глобална пандемија не престанува неодговорното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ

Од:
„ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски продолжуваат неодговорно да се однесуваат и да пласираат лажни вести само заради тоа што не можат да се помират со успехот што нашата држава го постигна на меѓународен план за толку краток период. Откако беа демантирани од Обединетите нации, сега добија демант и од Европската унија, од каде јасно порачаа дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет“, се вели во соопштението на СДСМ.
„И во време на глобална пандемија не престанува неодговорното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, за само две и пол години, успеа државата да ја врати на европските и евроатланските патеки, добивме датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, станавме членка на НАТО. ВМРО-ДПМНЕ за 11 години единствено што успеа е да ја изолира државата на меѓународен план, а на внатрешен план станавме заробена држава, во која царува криминалот и корупцијата“, додаваат од СДСМ.
„Токму затоа лажните вести што ги пласираат ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски, за наводни дополнителни услови и пречки во пресрет на отворањето на преговорите со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција, се класични лажни вести на кои никој не верува. Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем извор на лажните вести и ќе го ценат таквото однесување на опозициската партија“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата