СДСМ: И Сиљановска го впери прстот кон Јанушев, Мицкоски да го повика на одговорност за незаконскиот долг од 400.000 евра

Од:

„И кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори Гордана Сиљановска посочи дека за финансирањето на нејзината кампања одговорен бил генералниот секретар Игор Јанушев.

А токму за таа кампања ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се наплати.

ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка“, велат од СДСМ.

„За ваквото прекршување на законите , мора да има одговорност, а овластен потписник на сметката бил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност неговиот генерален секретар Игор Јанушев.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже уште еднаш дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он