СДСМ и коалицијата го имаат мнозинството во Советот на општина Гевгелија

Од:

Според објавените резултати од првиот круг на локалните избори за советници, кои од страна на општинските изборни комисии беа доставени до ДИК, познат е новиот состав на Советот на општина Гевгелија што го сочинуваат 19 советници.

Мнозинството во Советот на општина Гевгелија ќе го имаат СДСМ и коалицијата, кои според постигнатиот резултат од 7.248 гласови освоија десет советнички места, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои со резултат од 4.946 гласови освоија седум советнички места.

Во новиот Совет на општина Гевгелија две места освои уште независната советничка листа на Томе Кичуков која на локалните избори освои 1.989 гласови.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори