СДСМ и ДУИ ги разгледуваат кадровските решенија за во новата Влада

Од:

Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ.

„По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада. Истотака, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста“, информираа преку соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски