СДСМ: Христијан Хидро Мицкоски да не си ишка мувата од капата, туку да одговори за неговите хидроцентрали и злоупотребите

Од:

Христијан Хидро Мицкоски да не си ишка мувата од капата, туку да одговори за неговите хидроцентрали и злоупотребите, реагира СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Додека Хидро Мицкоски бил советник на Никола Груевски, конзорциумот во кој има удел го добил земјиштето, односно бизнисот со хидроцентрали.

Како тоа баш Хидро Мицкоски, во време додека бил советник на Никола Груевски,  добил државно земјиште од 33.000 квадратни метри за изградба на хидроцентрали?

Со лажни пријави ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие злоупотребите на Мицкоски. Сите постапки во врска со доделувањето на земјиште под концесја за електрани за вицепремиерот Кочо Анѓушев се законски и започнати во време кога тој не е дел од владата, односно во 2015 година. Оттука, се исклучува можноста за некакво влијание како и можноста за судир на интереси, за што и самиот тој соопшти  за јавноста.

За невистините и лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што ДКСК ја прекина постапката за Дамјан Манчевски затоа што е лажна и нецелосна.”, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски