СДСМ: Хидро Мицкоски продолжува да биде заштитник на криминалите на неговиот Груевски

Од:

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните ги дознаваат шемите со Никола Груевски и дознаваат како се стекнати хидроцентралите.

Јавноста вчера дозна дека компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде дел од сопственоста има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.

Истиот тој конзорциум во 2015 година, додека антизападниот Мицкоски бил советник кај неговиот ментор Груевски, токму од Владата на Груевски добива земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа секојдневно излегува на површина. Затоа Хидро Мицкоски продолжува да биде заштитник на криминалите на неговиот Груевски.

Јавноста ќе ги дознае сите детали за спрегата на Мицкоски со неговиот ментор и носител на криминалот, Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот