СДСМ: Хаотичниот Избирачки список потврдува дека изборната измама била смислена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Се потврди она што СДСМ го говори цели време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции.

Jавноста секојдневно се запознава со тоа за каков хаотичен Избирачки список станува збор.

На една адреса во Скопје се запишани 112 лица, на друга 66, а на трета адреса има 33 лица запишани на иста адреса.

Ресен- ul 11“ бр (12)

На една адреса во Ресен се запишани 34, на друга 24, а на трета 29 лица.

Големиот број на лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека планот за изборна измама бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ресен- ul 11“ бр (10)

Затоа Никола Груевски се уште се нема изјаснето која е неговата улога во злосторничкото здружение.

Молкот и бегањето од одговори нема да му помогнат на Никола Груевски ниту ќе го спасат од одговорноста.

Ценатр-Киро Крстевски-Платник“ бр (2). 11

Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.

Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.

Ценатр-Киро Крстевски-Платник“ бр (3). 11

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел