СДСМ: Хаотичниот Избирачки список јасно потврдува изборната измама за којашто мора да се одговара

Од:

„Jавноста секојдневно се запознава со хаосот во Избирачки список.

Еве нови примери. На една адреса во Скопје се запишани 35 лица на иста адреса. На друга адреса во Скопје запишани се 15 лица коишто гласаат на две различни избирачки места.

Aerodrom - Dimitar Turimandzoski 1    2 (1)

Јавната проверка на листата на гласачи запишани во Избирачкиот список покажува дека и на адреса на државни институциии има запишани повеќе од 35 лица.

Овој хаос во избирачкиот список, огромниот број фантомски гласачи коишто се најдоа во секоја општина во Република Македонија, го потврди она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.

Aerodrom - Dimitar Turimandzoski 1    2

Хаосот со избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас.

Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.

Aerodrom - Dimitar Turimandzoski 1 (1)

Затоа независната институција, Државната изборна комисија, мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список за во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас.

Исто така, секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.

Aerodrom - Dimitar Turimandzoski 1

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Centar Aminta Treti 0016A 1.13a

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел