СДСМ: Хаосот во избирачкиот список е резултат на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со прес-конференции се надева дека ќе ги оправда криминалните избори и дека со достапноста на Избирачкиот список излегло на виделина како владејачката партија ги спровела изборите.

– Речиси и да нема општина во Македонија во којашто не постојат фантомски гласачи. Само неколку примери покажуваат дека на една адреса во Скопје се запишани 112 лица, на друга 66, а на трета адреса има 33 лица запишани на иста адреса. Хаосот во избирачкиот список не е случаен туку е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас, на тој начин што сместувала лица кои неколку пати неоправдано и незаконски гласале на изборите.

– Хаосот во избирачкиот список не е случаен туку е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас, на тој начин што сместувала лица кои неколку пати неоправдано и незаконски гласале на изборите. Незаконието со коишто врвот на ВРМО-ДПМНЕ ги криминализирал изборите и со коишто на македонските граѓани им ја одземал шансата сами да одлучуваат за својата судбина повлекува законска одговорност, наведува СДСМ во реакцијата на денешните прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија наведува дека „незаконието со кое врвот на ВРМО-ДПМНЕ ги криминализирал изборите и со што на македонските граѓани им ја одземал шансата сами да одлучуваат за својата судбина повлекува законска одговорност“.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема