СДСМ: Хаос на Онкологија, пациентите оставени на цедило

Од:

Додека пациентите на Клиниката за онкологија се борат за својот живот, Владата на ДПМНЕ и нејзините неспособни функционери ја покажуваат својата целосна незаинтересираност за здравјето и животите на граѓаните. Цела недела Клиниката нема основни лекови за биолошка терапија, а луѓето во критична состојба се принудени сами да бараат начини за спас. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта, велат од СДСМ.

„Лековите кои се животозависни, како Atezolizumab (Tecentriq), Bevacizumab (Avastin), Palbociclib, Ribociclib, Fulvestrant, Cetuximab, веќе се недостапни. Но, тоа не е крајот – во наредните денови се очекува да снема и други лекови, како Trastuzumab emtansine (Kadcyla), Nivolumab, Cobimetinib и Vemurafenib. Зад овие сложени имиња стојат судбините на стотици пациенти – родители, деца, браќа и сестри кои секојдневно се борат со ракот и бараат шанса за живот.

И додека овие луѓе очајно бараат спас, министерот за здравство Арбен Таравари шета низ Вашингтон, насмеан од уши до уши, и објавува фотографии како да нема поголем проблем од тоа да прошета низ САД.

Во меѓувреме, директорот на Фондот за здравство, Клековски, наместо итно да бара решенија, ја користи истата стара приказна – изговори. Вели, проблемот бил „организациски“ и ќе му требале 6 месеци за да го реши. Шест месеци?! Па луѓето немаат шест дена, камоли шест месеци!

Зошто Клековски не презел ништо досега? Зошто нема регистар на пациенти? Зошто нема соодветни набавки и план? Колку човечки животи треба да бидат загрозени за оваа неспособна власт да почне да работи?

Додека тие се губат во бирократски лавиринти, последиците ги трпат граѓаните. Ракот не чека. Пациентите не можат да чекаат. Но, очигледно, Владата на ДПМНЕ нема ниту волја, ниту капацитет да се справи со вакви клучни прашања. Едно е јасно: неспособноста и незаинтересираноста на оваа власт директно загрозува човечки животи. Секој ден одложување значи изгубени животи. Време е за итна акција и одговорност – ова веќе не е само прашање на политика, туку прашање на живот и смрт, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март