СДСМ: Хаос има само во ВМРО-ДПМНЕ, полицијата работи професионално

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е во хаос, целосно загубена во сопствените деструкции и лажните вести.

Коалиција со криминалот, неказнивоста и селективноста во постапувањето беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

МВРО-ВМРО е минато, нема повеќе злоупотреба на полицијата во лични или партиски цели.

По преземените реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Се постпаува по секое прекршување на законите и против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.

Конфузното ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да внесе вознемиреност во јавноста, граѓаните се безбедни и сигурни. А тоа е потврдено и со анкетата на ОБСЕ кадешто 75 отсто од граѓаните се изјасниле дека се чувствуваат безбедно“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски