А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Гувернерот Богов го помага барокот на Груевски со милиони земени од граѓаните!

by А1он08/02/2016 - 11:3908/02/2016 - 14:40137
Share0

„Барокното лудило на власта на Груевски продолжува преку гувернерот Богов со нови над 35 милиони евра пари на граѓаните!

Добивај вести на вибер

Со над 35-те милиони евра за барокната зграда на НБРМ можат да се отворат 7 фабрики во вредност од по 5 милиони евра и да се обезбедат најмалку 7.000 работни места.

Но на Народна банка и дојде до луксузна барокна зграда тешка над 35 милиони евра додека:

-Секој нов ден носи нови 3 милиони евра долг на граѓаните

-Јавнииот долг достигна историски над 4 милијарди евра

-Секое бебе во Македонија се раѓа со долг од 2.000 евра, поради ваквите нелогични и расипани политики.

Распишаниот оглас за јавната набавка на НБРМ е нов, од 2016 година.

Ова само потврдува дека криминално – корупциската власт е заинтересирана само за тендери и пред заминување гледа да зграби што може од граѓаните.

Секоја година расипничката власт на Груевски и Ставрески испумпува од Буџетот околу 400 милиони евра пари на граѓаните, за криминални зделки преку анекс договори.

Затоа во Македонија над 500.000 луѓе живеат на работ на сиромаштија.

Затоа 626.312 луѓе се иселија, главно млади, во потрага по егзистенција.

Затоа над 50 проценти од младите се невработени.

Ставаме крај на расипничките политики на Груевски и неговите соработници.

Ќе мора да им ги вратат парите на граѓаните.

Сите кои работеле противзаконски ќе одговраат“, се вели во соопштението на СДСМ.

dpmnesdsmskopje 2014

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто