СДСМ: Груевски во препознатлив кукавички стил се прави јунак од тастатура

Од:

„Криминалецот во бегство, Никола Груевски во негов, препознатлив кукавички стил се прави јунак од тастатура, далеку од своите сограѓани.

Дојди Груевски и соочи се со гневот на граѓаните.

Македонците и сите заедници од земјава расчистија со темните улици на Груевски, сега одиме напред по светли патишта. Таа светлина Груевски не може да ја почувствува скриен од својот народ“, реагираат од СДСМ на коментарите на Груевски на Фејсбук.

„Таа светлина е светлина на напредокот. Светлина на економски раст од 4.1 отсто, раст на платите и пензиите, намалување на невработеноста на историски најниски 17,8 отсто, на рекорден раст на странските инвестиции.

Од друга страна е темнината на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, темнина на криминал, корупција, отворени судски предмети за тешки кривични дела и правосилни затворски пресуди за неправдите и криминалите што ги правеа врз својот народ цели 11 години.

Во затворот кој го чека, Груевски ќе се соочи со казната за тоа што го газеше народот.

Груевски, дојди во родната земја да ја отслужиш казната за злоделата, во затвор ќе имаш уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесени ставови на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он