СДСМ: Груевски нема да ги види пратениците на опозицијата во неговиот нелегален Парламент

Од:

„Никола Груевски откако ги украде изборите и насилно ги верификуваше мандатите на пратениците на опозицијата, сега се обидува преку инструирани прилози на медиумите под негова контрола да прави притисок за комплетирање на Парламентот.

Никога Груевски кога полнеше кутии со фантомски гласачи, закани и притисоци врз граѓаните требаше да мисли на последиците.

Сите нерегуларности во изборниот процес се јасно нотирани во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, во којшто ниту еднаш не се споменуваат зборовите “фер“ и “демократски“. За тој Извештај, ЕУ и САД се изјаснија дека е клучен документ каков бил изборниот процес во Македонија.

Тоа е причината што до овој момент ниедна земја од меѓународната заедница им ја нема честитано победата на Никола Груевски и на Ѓогре Иванов“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на пишувањата на провладините медиуми.

„Затоа Никола Груевски е нервозен, и допрва ќе биде, бидејки пред врата му се проблемите што самиот ги создаде.

СДСМ му порачува на Никола Груевски дека пратениците на опозицијата не ги прифаќаат пратеничките мандати, ниту ќе ги види во неговиот нелегален и нелегитимен Парламент.

Решение за кризата е создавање услови за формирање техничка влада којашто ќе спроведе фер и регуларни избори“, пишува во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус