СДСМ: Груевски нека игра хокеј, спортот ќе заживее во полна форма од декември

Од:

Македонија е на историски најслаб пласман на ФИФА ранг листата. На последната Олимпијада немаше ниту еден спортист што успеал да оствари олимписка норма. Тоа значи дека преставниците од Македонија не беа таму поради успеси во спортот туку поради запазување на процедурите за присутни од секоја земја. Македонија беше со најмал број претставници од цел регион!

Некогаш престижните спортски манифестации во земјава како што се на пример Златен гонг, Македонски бисер, се сведени на аматерско ниво.

И ова се само мал дел од неуспесите во спортот поради неодговорните политики на власта на Никола Груевски.

Традиционални спортови се замрени зашто Груевски трошеше огромни суми пари на граѓаните за хокеј и слични скапи, не популарни спортови.

Спортските сали што ги ветуваше власта на Груевски финално се реализираа само со тендерите, бидејки голем дел од нив се заклучени или затоа што во нив нема услови за спортување или затоа што се изградени во несоодветни населени места коишто поради иселувањата останале празни без жители.

Да не се трагични потезите на Никола Груевски би биле смешни.Груевски решил да го заживува спорот од фотељата на дворецот на ВМРО-ДПМНЕ, откако потроши 10 години во премиерската фотеља и не направи ништо корисно за граѓаните.

Доцна е за Груевски. По декември, освен мерката што ја прочитал Груевски од Програмата на СДСМ и ја искарикирал, за спортски финансиски фонд,  што ние предвидуваме да биде во рамките на Агенцијата за млади и во којшто ќе се слеваат пари од издавање лиценци за работа на спортските обложувалници, акцизите за цигари и алкохол, од уплатите на игрите на среќа, предвидуваме и цел сет мерки за спортот.

Ќе мотивираме инвестирања во спортот со финансиски поволности преку пренасочување на дел од данокот на добивка на претпријатијата. Објектите за спорт, кои од 2000 година се предмет на манипулации ќе ги вратиме за потребите на спортистите, младите и граѓаните. Прво ќе ги реновираме запуштените објекти, а потоа, ќе ги довршиме започнатите објекти за кои има економска, правна и спортска оправданост. Ќе го вратиме на голема врата спортот во училиштата и универзитетите. Ќе обезбедиме услови за спортување на секој граѓанин. Ќе донесеме нов Закон за спортот, со којшто ќе се обезбеди статус на дејноста со стабилни извори за финансирање од централниот и локалниот буџет, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски