СДСМ: Груевски не успеа да ги скрие пораките од Филе упатени кон власта

Од:

„Никола Груевски се обиде, но не му успеја да ги сокрие јасните пораки лично од еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, упатени на адреса на власта, по средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска. Затоа денеска Груевски се обидува да манипулира.

Во писменото соопштение, основната порака на Филе е адресирана до власта на Груевски, итно ги реши проблемите што постојано ги повторува набљудувачката мисија за ОБСЕ/ОДИХР, а се повторуваат и во извештаите на ЕК.

„По неодамнешните избори разговаравме за повторените препораки на ОБСЕ/ОДИХР во врска со неурамнотеженото покривање на медиумите и недостигот на поделба помеѓу државата и партијата. Во тој контекст, комесарот подвлече дека новата влада има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци и сите оние што се повторуваат во извештаите на Европската комисија и тоа треба да биде итно сторено“, стои во соопштението од Филе.

Линкот од интегралното соопштение на Штефан Филе

За споредба со оваа важна порака од Филе, СДСМ посочува на линкот до соопштението на партијата, којашто извести за истото.

Под каков притисок на Брисел е Груевски, да ги реши проблемите што ги создаде, покажува и признанието во официјално соопштение од Владата за средбата на Никола Груевски со генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон.

Во него Груевски се оправдува дека прелиминарните наодите на ОБСЕ се внимателно анализирани и јавно соопштува дека конечните препораки „ќе бидат земени предвид и адресирани“.

За појаснување на власта на Никола Груевски, која покажува непознавање на дипломатскиот речник, или сака свесно да манипулира, решавањето на внатрешните проблеми низ институционален дијалог е генерален став на Европската унија што се однесува на сите земји членки и на државите кандидатки за ЕУ.

СДСМ повторува дека на средбата со еврокомесарот Филе претседателот Заев го посочи ставот искажан веднаш по изборите во земјава, дека опозицијата е подготвена на преговори со власта за формирање техничка влада и механизми што ќе овозможат слободни, фер и демократски избори“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на текст во Курир.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!