СДСМ: Груевски не е фактор, многу брзо ќе има нова влада!

Од:

„Никола Груевски мора да прифати дека постои ново парламентарно мнозинство кое е во процес на формирање на новата реформска Влада според мнозинската воќа на граѓаните. Мора да се помири дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, а тој повеќе од една година не е премиер. Груевски што и да направи, не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши!

Груевски лаже каде ќе стигне зборувајќи за наводни дестабилизации, федерализации, лажно претставувајќи се како премиер, затоа што е лажго. Но тоа нема да ја смени реалноста.

Постои демократски формирано мнозинство од 67 народни избраници. Постои само еден документ што и е достапен на целата домашна и меѓународна јавност.

Она што недостига е здрав разум кај Груевски и Иванов на што повика меѓународниот фактор. Криминалците во ВМРО-ДПМНЕ го немаат. Разумните во ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат здрав разум. Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смеaт да поттикнуваат насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали.

Брзо ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија формирана според Деловникот на Собранието, Уставот и законите на Република Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на ставовите на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он