СДСМ: Груевски ќе мора да објасни како толку успешно штедел и се богател

Од:

Никола Груевски ќе треба да објасни како успеал да заштеди 230.000 евра, колку што официјално пријавил во најновиот Анкетен лист.

„Поранешниот премиер додека осиромаши над 500.000 граѓани, како што објавивме штедел и по 10.000 евра месечно. А според последните пријавени податоци во изминатата година заштедил речиси 20.000 евра. Ова може да се види ако се споредат неговите анкетни листови од последните три години. Доколку оваа пријавена заштеда се подели на 12 месеци, тогаш излегува дека обвинетиот Груевски месечно штедел околу 1.500 евра.

Случајно или не, висината на оваа сума е слична на сумата којашто поранешниот премиер ја добива како апанажа од државата, од пари на граѓаните на Македонија.
Од што живеел тогаш Груевски кога можел да ја штеди целата плата од апанажата?

Сумата што за една година ја ставил на книшки Груевски е речиси 60 месечни просечни плати, односно, на работник кој зема просечна месечна плата и тоа пресметана според контролираниот ДЗС, потребни му се цели пет години за да го заработи она што Груевски го заштедил за една година.

Граѓаните знаат дека поранешниот премиер и криминалната власт во заминување изнеле и над 5 милијарди евра нивни пари по странски сметки на рајските земји. Затоа над 612.000 граѓани на изборите гласаа за промени, правда и враќање на нивните пари и затоа е потребна нова одговорна Влада што тоа ќе го спроведе“ пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“