СДСМ: Груевски јасно призна дека случајот Пуч е политички монтиран

Од:

Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот Пуч е политички монтиран и призна страв од новиот Специјален јавен обвинител, велат од СДСМ.

Партиското гласило на Груевски, Курир, тврди дека, цитираме: “На Заев му е потребен Специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“.

Тоа значи дека Груевски знае дека не постои дело Пуч, штом на уште неизбран, не именуван Специјален јавен обвинител, прогнозира дека новиот обвинител ќе го отфрли делото Пуч.

Кај Специјалниот јавен обвинител одат сите предмети во врска со прислушувањето и содржините од него и тоа е болката на Никола Груевски, но за тоа требал да мисли кога ги правел криминално – корупциските скандали.

Наивно од Груевски ако се надевал дека Марко Зврлевски вечно ќе му ги покрива, а тој комотно цел живот ќе ги малтретира граѓаните и Република Македонија.

Што се однесува до средување на состојбата во медиумите, потсетуваме дека тоа е обврска од Извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе, којашто констатираше дека и покрај Аудиовизуелниот медуимски сервис, земјава пати од медиумска криза, којашто, цитираме “стана далеку полоша во текот на изминатите неколку години“.

Стравот на Груевски и за независни медиуми е оправдан, бидејќи, што би бил Груевски без медиумите?!

Но договорот 2 јуни / 15 јули е постигнат и назад нема.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on