СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ли најдоа да зборуваат за душа, по се што слушнавме дека правеле?

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ли најдоа да зборуваат за душа, после `се што слушнавме дека правелe во проектот Вистината за Македонија?!

Груевски со своите партиско – владини соработници се изживувал врз човечки судбини, местел бркања на цели семјства од работа, местел затворања на фирми, глоби во илјадници евра што оставија луѓе на улица, менувал закони – не за црква туку за богатство и милионски парцели, пикале пиштоли во уста, неправедно местеле луѓе по затвори и перверзии, планирале семејства во ендек, рушеле милионски инвестиции и уживале во глетката, оставале пензионери да се качуваат и слегуваат во висококатници пешки, кога ги краделе изборите. Што се однесува до економијата, си кажа кумот на Груевски, Ставрески, „ненормално“ ги задолжиле граѓаните и државата.

Сето ова Груевски сеуште го прави преку своите платеници.

Сигурно не сите од ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат со ваквите политики на Груевски и фамилијарно-кумашинската врхушка којашто 9 години диктираа едни исти соопштенија полни со манипулации и лаги, но `се додека дозволуваат да се уништуваат човечки животи и државата, тие се нивни соучесници“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“