СДСМ: Груевски и соработниците нема каде да бегаат

Од:

„Груевски, Трајановски, Трајковски мора да одговорат како се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња поради недостиг на канализации!

Надзорната расправа мора да продолжи со работа. Овие тројца, Груевски, Трајановски, Трајковски мора да се појават на расправата и да се соочат со фактите за сопствената неодговорност.

Одговори мора да дадат сите институции инволвирани во трагедијата со поплавите во скопско.

Порачуваме дека времето за работа на Надзораната комисја можеби е кусо – се ближи распуштањето на Парламентот и на таа карта играат Груевски и соработниците.

Но долго е времето во кое што Груевски и неговите послушници ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи.

По промените на 11-ти декември Македонија ќе добие одговорни, чесни и ефикасни институции кои ќе се грижат за потребите на граѓаните.

Сите одговори за злоделата врз граѓаните, ќе одговараат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он