СДСМ: Груевски и соработниците ќе заминат

Од:

„Извештајот на експертската група на Европската комисија, изготвен од Рајнард Прибе, дословно укажува на сите злоупотреби на власта предводена од Никола Груевски.

По овој Извештај, стана невозможно, од секоја гледна точка, избегнувањето одговорност на Никола Груевски и неговите соработници.

Европските експерти прецизно ги скицирале сите состојби во Македонија и причините што доведоа до длабоката политичка криза. Во Извештајот тие имаат конкретно име, “системски недостатоци“.

Се констатира работење на УБК во функција на власта, прислушување направено во просториите на националната разузнавачка служа, фамилијарната поврзаност помеѓу високи функционери во УБК и во Јавното обвинителство, само “теоретски“ воспоставен систем на парламентарен комисиски надзор, далеку полоша состојба во медиумите во однос на претходните години, корупција во размери што заслужува да биде предмет на посебен извештај…!“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

„Европските експерти се повикуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на изборите и порачуваат пред да се одржат наредни избори, да се обезбеди уверување дека такви нерегуларности нема да се случат повторно.

Извештајот содржи `се, со што опозицијата и демократската јавност, го аргументираат барањето за преодна влада без Груевски и неговите помагачи.

Четворицата лидери, меѓу кои и Никола Груевски, на вчерашната лидерска средба се согласија да се поддржат сите специфични препораки на Европската комисија, како што е овој критички Извештај на Прибе, со што Груевски призна одговорност за состојбите.

Потсетуваме дека лидерите се обврзаа и за целосно спроведување на договорот од 2-ри јуни, на 29 јуни и дека второ-јунскиот договор предвидува постигнување договор за организација на Влада што ќе ги подготви изборите.

Шпекулациите во провладините медиуми нема да ја сменат реалноста дека се ближи денот кога Никола Груевски и неговите соработници ќе заминат.

Постигнувањето договор по мирен пат, низ дијалог, ќе им олесни и на граѓаните и на Република Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел