СДСМ: Груевски и пратениците кои си зборуваат сами со себе нема да ги спречат промените!

Од:

„Додека Никола Груевски се шета во Малта, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборуваат самите со себе во Собранието, граѓаните трпат.

И денеска граѓаните ќе плаќаат скапа струја, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за враќање на евтината дневна тарифа.

Родителите се загрижени за стресовите кои ги чекаат нивните деца, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за укинување на екстерното тестирање.

Граѓаните се уште имаат обврска да плаќаат радиодифузна такса, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за нејзино укинување.

Работниците не можат да го добијат ветеното покачување на минималната плата на 12 илјади денари во првата година, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето и за оваа мерка.

700 илјади граѓани гласаа и очекуваат промени за живот за сите во Македонија. Нивната волја ќе се реализира.

Ќе има претседател на Собранието и ќе има нова реформска Влада на граѓаните. Ниту Груевски, ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои си зборуваат сами со себе, тоа нема да го спречат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ