А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Груевски и Мијалков извршиле државен удар

by А1он18/11/2016 - 16:40101
Share0

Никола Груевски, Сашо Мијалков и нивните соучесници извршиле државен удар со досега невидено кршење на правата и слободите на граѓаните. Пропаднаа сите лаги на Никола Груевски за странски служби и жолти комбиња. Јавноста сфати зошто Груевски со месеци бега од јавна и транспарентна судска постапка, како што ветуваше, и соочување со граѓаните, за да даде одговор на прашањата кој, како и зошто прислушкувал во Македонија, велат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

Ете кој го направил пучот. Ете кој прислушкувал над 20 илјади граѓани. Ова е обид за воведување целосна диктатура и поништување на правото на приватност преку следење на граѓаните.

Во колкава параноја биле браучедите кои не верувале никому и ги прислушкувале дури и најблиските соработници? Како што слушнаа граѓаните, тие и дополнително им наредувале да преземаат незаконски дејствија за кои ќе треба да одговараат.

Од ова се гледа како Груевски и Мијалков незаконски ги следеле и прислушкувале политичарите, бизнисмените, новинарите, граѓаните, како имале пристап до сите информации, знаеле се за секого во државата, па им било полесно да ги украдат и изборите.

За ова Груевски, Мијалков и сите останати мора да одговараат. Правда мора да има!

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен