СДСМ: Груевски до последниот милион ќе ги брани медиумските курири

Од:

„Нарачаните текстови коишто ги објавуваат медиумските курири покажуваат дека нивната клучна улога е да шират лаги во одбрана на криминалните активности и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Груевски до последен милион ќе ги брани медиумските курири затоа што тие го бранат неговиот криминал.

Груевски е спремен да ги потроши и последните пари што ги украде од граѓаните, за да ги брани своите медиуми.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Граѓаните во Република Македонија се обединети против корупцијата и криминалот.

Секој оној којшто ги прекршил уставот и законите треба и мора да понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ