СДСМ: Граѓаните нема да дозволат транзиционен профитери како Сиљановска да застанат на чело на државата

Од:

Кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол на непотизам и тој факт ВМРО-ДПМНЕ не може да го прикрие со ниту едно празно обвинување, реагира СДСМ на на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО – ДПМНЕ.

“Нејзиниот сопруг добил бизнис со фришоп додека таа била министерка во првата влада во 90тите што ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува „транзициска“. Тој класичен чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, и во тоа време наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните го препознаа лицемерието, ја препознаа нечесноста и неискреноста на Сиљановска и затоа таа и ВМРО-ДПМНЕ загубија во првиот круг од претседателските избори и ќе загубат уште помасовно во вториот круг.

На 5 мај граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

Граѓаните нема да дозволат транзициони профитери како Сиљановска да застанат на чело на државата.
На 5 мај граѓаните ќе одберат напредок, сигурна иднина, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател на државата.”, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“