СДСМ: Граѓаните го препознаваат историскиот момент и ќе гласаат за европска Македонија

Од:

„Сите анализи и сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните го препознаваат историскиот момент, дека масовно ќе излезат на референдумот на 30 септември и ќе заокружат ЗА европска Македонија.

Граѓаните знаат дека пред нив е историска можност да ја обезбедат иднината, знаат дека Македонија припаѓа во ЕУ и НАТО, дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи е врвен стратешки приоритет.

Граѓаните се одлучни ЗА европска Македонија и затоа на референдумот на 30 септември ќе го искористат своето демократско право и ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.

Сите политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се вклучат во процесот, да ја поддржат одлуката на граѓаните и да го повикаат своето члентво на 30 септември да излезе на референдумот и масовно, храбро и достоинствено да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците