СДСМ: Граѓаните гласно кажаа НЕ за погрешните политики на Груевски во образованието

Од:

„Студетните, професорите, стручната јавност и граѓаните јасно го искажаа својот став, своето масовно и гласно НЕ за погрешните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во образованието.

Знае ли ВМРО ДПМНЕ воопшто што зборува?

Неспособноста на власта да води нормален и квалитетен образовен процес не само што излезе на виделина туку веќе никој не го ни поставува како прашање. Тоа е апсолвирана вистина. Професорите, студентите и јавноста говорат за последиците.

Затоа наставниците и професорите се под толкав политички притисок и закани.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да бега од студентите и професорите, нека излезат пред нив и нека се обидат да им објаснат каков ефект имаат нивните наводни реформи, против кои се кренаа сите.

Еве утре имаат прилика. Министрите на Никола Груевски, наместо да се кријат зад манипулациите на провладините медиуми, нека излезат во 11:00 часот пред Собранието на РМ и нека ги погледнат студентите во очи, доколку смеат“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски