СДСМ: Граѓаните да не наседнуваат на манипулациите на Никола Груевски

Од:

Откако на Никола Груевски му стана јасно дека неговото заминување граѓаните го гледаат како државен приоритет за иднината на Македонија, се обидува со разни сценарија и провокации да ги сврти граѓаните едни против други.

Во секоја минимум демократска држава граѓаните имаат легитимно право да го изразат своето незадоволство од власта. Но, недемократската матрица на Никола Груевски и немањето капацитет да ја разбере суштината на поимите демократија, слобода, право на слободно изразување и право на слободен говор, се обидува да ги конфронтира граѓаните едни со други.

Организирањето на контра протести е метод на Никола Груевски кој граѓаните го препознаваат. Кога на Груевски му е потребно одвлекување на вниманието на јавноста од незадоволството кај граѓаните поради неговото криминално владеење секогаш организира контра протести. Дури, под диктат и нарачка на Груевски се случи да протестираат и автобуси.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува граѓаните да не наседнуваат на манипулациите на Никола Груевски и на тој начин да му покажат дека целосно е прочитан и неговото црно сценарио нема да успее.

Решително, мирно, достоинствено и масовно, во недела, на 17-ти, граѓаните на Македонија ќе му ја испратат пораката на Груевски дека мора да си замине.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците