СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните

Од:

Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги. Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

– Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ им наплаќаат поскапи комунални услуги, вода и паркинг на граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина. Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Прилеп, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Гевгелија. Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ одат на ексклузивни крстарења, носат рачни часовници од 8.000 денари, порачуваат хибридни бричеви со народни пари. Тоа е ДПМНЕ – тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација