СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Од:

Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршија во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата, велат од СДСМ.

– Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка. Зошто? Затоа што никој не сака да потпише документ со кој би го потврдил тоа што го бара Мицкоски, бидејќи потоа би можел кривично да одговара. Наместо стручните лица и институции, јавноста ги слуша „експертите“ на власта:

• Клековски – НВО менаџер
• Христијан Мицкоски – машински инженер
• Панче Тошковски – правник
• Стојанче Ангелов – полицаец/специјалец

Машински инженер, полицаец, правник и НВО-менаџер ни ја објаснуваат хиперхлорацијата, чистењето на цевководите, епидемијата на жолтица и квалитетот на водата за пиење. Ова е лицето на оваа Влада. Експерти за сè. Кога треба да се превземе одговорност – нема експерт, нема институција, нема потпис. Кога треба да се избегне одговорност, има прес-конференции и изјави без покритие. Повеќе од еден месец луѓе се трујат. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А државата сè уште нема капацитет да издаде еден единствен стручен наод. Граѓаните на Гостивар не бараат политички изјави. Бараат чиста вода и одговорност. Досега го нема ниту едното, ниту другото, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“