СДСМ го поддржа настанот Социјална правда сега

Од:

„По повод Светскиот ден на социјалната правда, 20 февруари, комисиите на СДСМ учествуваа и дадоа поддршка на настанот којшто во организација на Иницијативата Социјална правда сега, се одржа во Штип.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска, заедно со претседателката на Комисијата за евроинтеграции, Лидија Димова и претседателот на комисијата за Култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски зборуваа со граѓаните за проблемите кои тие ги имаат во секојдневното живеење.

Се разговараше за социјалната неправда која се случува во Штип и можните решенија за надминување на оваа состојба“, се вели во соопштението на СДСМ.

socijalna pravda-sega (2)

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија континуирано ги поддржува активностите за јакнење на јавната свест и унапредување на работничките права, синдикализмот, подобрување на легислативата за нивна заштита и нејзина доследна имплементација.

СДСМ се залага и за заштитата на социјалните и општествени категории како што се хонорарците, младите, стечајните работници, социјално загрозените и низа други социјални групи во општеството. Сите тие секојдневно се соочуваат со грубо кршење на нивните социјални права и со дискриминација од институциите на централно и локално ниво.

Социјална правда сега е иницијатива на организации на граѓанското општество засегнати со растечките проблеми во сферата на социјалната правда во Република Македонија. Неа ја сочинуваат ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонска платформа против сиромаштија, во која членуваат 92 организации од целата земја. Иницијативата е поддржана од Фондација Фридрих Еберт и е отворена за организации, граѓански групи и поединци кои се залагаат за социјална правда“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски