СДСМ го осудува нападoт врз советникот од Општина Карпош, да се истражи поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош, го осудува физичкиот напад врз советникот Александар Илиески. Физички напад врз кој било граѓанин е недозволиво во европска и демократска држава каква што е нашата рече на прес конференција советничката од СДСМ во Општина Каропш
Наталија Спировска.

– Советниците во општините се претставници на граѓаните и нападот кон нив е напад врз локалната самоуправа и врз демократијата. Во одредеи медиуми се појавија информации дека нападот е директно врзан со начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ, поради критики на советникот кон оваа партија. Дали е за раце во медот или нешто друго? Тоа мора да се истражи и да се лоцира одговорност. Факт е дека ова во многу наликува на ВМР0-ДПМНЕ. Апелираме надлежните институции да постапат по овој случај, виновниците за нападот да се лоцираат и казнат, за веќе вакви инциденти да не се повторуваат. Насилството не е и никогаш не може да биде решение за какво било недоразбирање Спировска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски