СДСМ го информира Хелсиншки за случувањата во Собранието

Од:

СДСМ, НСДП и ПЕИ денеска го информираа Хелсиншкиот комитет за човекови права за немилите настани што се случија во понеделникот, 24-ти декември, во Собранието на Република Македонија.

„Голем број на пратеници од нашата пратеничка група, како и пратеници од пратеничката  група на НСДП и ПЕИ дојдовме да го информираме Хелсиншкиот комитет за човекови права за немилите настани што се случија на 24 декември, во понеделникот, во Собранието на Република Македонија.

– Обрнавме внимание на неколку моменти, при што сакам да потенцирам дека дојдовме и до една нова информација (која за жал значи дополнително кршење на уставот), од она што до сега го изнесовме и што јавноста имаше можност да го види, а тоа е кршење на нашето уставно загарантирано право на приватност.

– Имено, во неделата, кога ние од опозицијата бевме во собранието и чекавме да почне најавената седница на Комисијата за финансирање и буџет, која не почна, на нашето најавено останување во собранието во текот на денот и ноќта, некаде пред сала 1, во фоајето каде што ние го преседавме целиот ден, неовластено била поставена тајна камера, со која сме биле снимани во текот неделата и во понеделникот.

– Понатаму, го информиравме Хелсиншкиот комитет за кршењето на деловничката процедура според која двете незавршени комисии, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно – правната комисија беа суспендирани од страна на Трајко Вељановски, без потпис на претседателите. Потенцирам, без потписот на Марјанчо Николов како претседател на Комисијата за финансирање и буџет, но и без потпис на Дулич, претседателката на Законодавно – правната комисија.

– Со цел да не дозволиме почнување на седница спротивно на устав, на закон, на деловник, на седница за чиј дневен ред не бевме известени, на седница за која не ни беа дадени картички за воопшто да присуствуваме како пратеници и да се вклучиме во дебата, да предложиме амандмани согласно деловникот, ние направивме обид  таа седница да ја спречиме, но се случи тоа што се случи.

– Особено сакаме да потенцираме, и во Хелсиншкиот комитет за тоа информиравме, дека без наше знаење, без наша дозвола и без наша одлука после три неуспешни обиди, насилно беа отстранети новинарите од галеријата и камерманите и фотографите, во тој момент знаевме дека нешто слично ќе се случува и со нас.

– Хелсиншкиот комитет го информиравме дека мирно застанавме пред пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и останатите пратеници во салата, се фативме за раце и чекавме да се случи тоа што го предвиделе Трајко Вељановски, Гордана Јанкуловска и Никола Груевски.

– Понатаму, дадовме изјави и сведоштва за тоа што на секој од нас поединечно му се случуваше во собраниската сала“, изјави Ана П. Данева.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје