СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

Од:

Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу два сосема различни концепти, надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска, се вели во соопштението на СДСМ, кое го пренесуваме во продолжение:

Пендаровски се докажа како прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата, кој силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО.

Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува.

На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.

ДПМНЕ и Силјановска на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина.

СДСМ има визија и план како да ја внесе Македонија во Европската унија, со решителност, волја, храброст и знаење да ја обезбеди европската иднина на државата, за сите сегашни и идни генерации.

Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани.

Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна европска иднина, подобра иднина за сите.

Би можело да ве интересира

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on