СДСМ: Ги поддржуваме родителите, децата да се заштитат од партиските протести

Од:

„Ги поддржуваме родителите кои остро се спротивставуваат на злоуопотребите на нивните деца за протести.

Порачуваме дека многу брзо ќе има промена на власта и дека оние кои учествувале во притисоците врз ученици и оние кои тоа не го спречиле, ќе се соочат со одговорност.

Никој нема право да принудува деца да бојкотираат настава за да одат на националистички протести на кои се шири етничка омраза. Ниту пак е дозволиво да не ги заштити децата, независно дали се работи за раководство на училишта, на општини или надлежни органи што имаат должност да реагираат.

Поднесени се кривични пријави против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, и против директор на прилепското средно индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“, Жарко Темелкоски, затоа што влегоа во кривично дело!

Надлежните институции мора да постапат против секој во училиштата или задолжен за нив, кој ја злоупотребува својата функција или позиција за овие цели и на тој начин ја загрозува и безбедноста на децата.

Директорите и професорите во училиштата, градоначалноците под чии ингеренции се училиштата, од Министерството за образование, имаат обврска да спречат вмешување деца во партиски цели.

Апелираме посебно до директорите и професорите, да не влегуваат во сценаријата на Никола Груевски и неговите соработници кои се подготвени да ги жртвуваат и нив и учениците, само затоа што им треба параван за заштита на нивните криминали.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја прифати реалноста дека е опозиција, да престане со лаги да ги вознемирува граѓаните и да овозможи мирен трансфер на власта.

Она што следува е продолжување на конститутивната седница на Парламентот, мандат за состав на новата Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија.

Новата реформска Влада ќе го врати достоинството на образовните институции каде што ќе се реализира квалитетна настава со применети европски вредности на интеграција, а не на поделби.

Доаѓа време правда и на суштински промени во образованието во Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација