СДСМ ги откажува сите партиски активности, согласно препораките од Владата

Од:

„Здравјето на граѓаните е пред се. Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми. Како одговорна партија, активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните“, информираат од СДСМ.

„Ги повикуваме граѓаните но и сите други субјкети да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции. Сега е време, секоја индивидуа, секој субјект и политичка партија да покаже одговорност и да придонесе за заштита на јавното здравје“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски