СДСМ: Ги остваруваме стратешките цели, Република Северна Македонија 30 земја членка на НАТО

Од:

„Собранието го ратификуваше Северноатланскиот Договор за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Остварена е една од клучните стратешки цели – Северна Македонија 30 – та земја членка на НАТО, рамо до рамо со најсилните, најмоќните демократски држави во светот!

По години и децении патешествија, блокади, режим, стагнација, изолација, по години исцрпувачки преговори, конечно го отворивме патот до членство во НАТО“, велат од СДСМ.

„Членството во НАТО не значи само безбедност и сигурност, тоа значи многу повеќе инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.

Уште со Договорот од Преспа, и со Потпишувањето на Протоколот за пристапување од страна на членките на НАТО, почнаа да се чувствуваат економските придобивки, да растат инвестициите.

Платите ги зголемивме во сите сектори. За само 2,5 години минималната плата ја зголемивме за 60%. Просечната плата има историски најбрз и највисок раст. Економијата од -1.8% за само 2,5 години повторно расте и до 4%. Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,1 отсто, отворивме над 60.000 нови работни места. Тоа се само дел од придобивките од НАТО.

Заедно со граѓаните направивме пресврт. Од овде, нашата татковина може само напред, никако назад. Нема враќање назад, одиме со крупни чекори напред.

Најавите за враќање чекор назад се опасни, антизападни и антидржавни, најави за враќање во времињата на изолација, на блокади, на кавги со соседите, времиња на несигурност и неизвесност.

Нашата држава предолго беше таму и затоа ние, заедно со граѓаните нема да дозволиме повторно да се враќаме назад во мрачното минато.

Нашето место е во ЕУ и НАТО, каде вредносно и цивилизациски припаѓаме. Продолжуваме заедно со граѓаните на прав пат!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар