СДСМ Гази Баба: Трајковски заборави на Керамидница во Гази Баба

Од:

„Керамидница е во катастрофална инфраструктурна состојба. Тони Трајковски осум години ниту ја одржуваше, ниту изгради нова фекална и атмосферса канализација во оваа населба. Поради непланското градење, постоечката не може да ги опслужи потребите и нема доволен капацитет.

Трајковски два мандата не водеше сметка за дивото градење во населбата. Керамидница има итна потреба од нов Детално урбанистички план. Новата локална власт со претходна реамбулација на постојните катастарски и плански подлоги но и со геодетско снимање на теренот ќе изработи нов ДУП кој предвидува инфраструктурни проекти , безбедни сообраќајници, детски и спортски игралишта.

Трајковски осум години ветуваше проекти со крајни датуми за реализација но не ги исполнуваше. Граѓаните од овој дел на општината очекуваа нов ДУП, ново мултифункционално игралиште, уредување на насипот на кејот на реката Вардар- на потегот од Колонија до Керамидница. Проекти кои требаше да бидат готови од 2013 до 2017 но сеуште се нереализирани.

На 29 октомври граѓаните избираат ново планско уредување, детска градинка, паркови, спортски терени и детски игралишта. Избираат решавање на имотно-правните прашања за безбедна иднина на своите деца. Тие го избираат Борис Георгиевски“, се вели во соопштението на СДСМ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник