СДСМ: Фијаско на централниот митинг на Мицкоски и Сиљановска во Скопје, граѓаните упатија силна порака против кочењето

Од:

Слабата посетеност на централниот митинг на Сиљановска и Мицкоски во Скопје е силна порака од граѓаните дека се против блокадите, деструкциите и не сакаат враќање назад, смета СДСМ.

Фијаското на централниот митинг на Сиљановска, според СДСМ, е потврда дека граѓаните ја препознаваат кандидатката на Мицкоски дека само продолжена рака на Мицкоски и Груевски.

“Државата тргна напред и враќање назад нема. На 21 април и на 5 мај, граѓаните масовно ќе го поддржат концептот за напредок, сигурна и стабилна иднина, предводен од Стево Пендаровски и ќе го изберат за претседател кој достојно ќе ја претставува државата.

Република Северна Македонија ќе добие претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја води државата напред и интеграција во ЕУ и НАТО.”, верува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија