СДСМ: Фејк њуз Мисајловски од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ, продуцира лажни вести на најјако

Од:

„Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако.

По фејк њуз Христијан Мицкоски, портпаролот Димче Арсовски, во своите лажни вести се заглави и потпретседателот Владо Мисајловски.

Славата со пласираните лажнати вести на Мисајловски многу кратко траеше“, велат од СДСМ.

„Фејк њуз Мисајловски постираше фотографија од велосипедска патека во Австрија со свесна манипулација дека тоа е кај нас но веднаш беше поклопен од вистината.

Додека Владо Мисајловски од фејк-њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква.

Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта, водоводите, реалност е гасификацијата низ цела држава!

СДСМ останува посветена на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и она што го знае најдобро, да биде фејк-њуз партија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски