СДСМ: Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза

Од:

Тажни слики од крајно запоставените езерца во Градскиот парк во Скопје, претворени во буниште, во извор на зараза, сведочи за негрижата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска обвинува СДСМ.

– Езерцата неисчитени со месеци, полни со отпадоци, гнилеж и тиња претставуваат потенцијален извор на зараза за граѓаните, кои секојдневно во голем број го посетуваат паркот, се наоѓаат на само неколку десетини метри од канцеларијата на Арсовска. За само шест месеци мандат, Данела Арсовска се покажа како најнеспособна градоначалничка на Скопје. Работењето, односно неработењето на Арсовска за половина година се сведе на нереазлириање на ветувањата дадени на граѓаните и стопирање на проектите започнати од претходната локална власт предводена од СДСМ. Граѓаните на дело, секој ден ја гледаат неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага