СДСМ: Енергетската ефикасност воопшто не е приоритет на политиките на Трајановски

Од:

„Коце Трајановски до сега требаше да ги замени сите азбестни кровови на средните училишта.

До сега требаше да биде спроведена и гасификација во сите институции, јавни установи и училишта, според неговите декларативни заложби.

Минималните активности што ги има преземено се премалку и предоцна за градоначалник на Скопје.

Енергетската ефикасност воопшто не е приоритет на политиките на Коце Трајановски. Само еден пример е фактот дека Коце Трајановски ги менува фасадите во центарот на Скопје со барокни и со изолација, но само од едната страна на зградата. Наместо да ги доврши започнатите згради, Коце Трајановски започнува нови згради само за да им даде барокен изглед.

Коце Трајановски се изгуби во раскошот и луксузот и целосно има заборавено на енергетската ефикасност и одржливиот развој на градот.

За жал и оваа зима скопјани ќе се задушуваат во смог и нивните автомобили ќе пливаат по поплавени улици“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски